Акција на повеќе од 300 медиуми

Американските медиуми почнаа кампања да се спротивстават на нападите од Трамп

Повеќе од 300 медиуми започнаа кампања да се спротивстават на нападите на американскиот претседател Доналд Трамп врз медиумите и промовирање на слободата на печатот.

Бостон Глоуб минатата недела ширум земјата упати покана за осуда на „валканата војна“ на американскиот претседател против медиумите користејќи го хаштаг Ничиј непријател (#EnemyOfNone).

Трамп ги исмева извештаите на медиумите како „лажни вести“ и ги напаѓа новинарите како „непријатели на народот“.

Експертите на ОН тврдат дека со ваквите напади се зголемува ризикот од насилство врз новинарите.

Бостон Глоуб вети дека ќе објави едиторијал за „опасностите од нападот на администрацијата врз печатот“ на 16 август и ги повика другите весници да го сторат истото.

Почетниот позитивен одговор на 100 новински организации прерасна на речиси 350 по што големите американски национални весници и помалите локални медиуми одговорија на повикот.

Бостон Глоуб започна со насловот „Новинарите не се непријатели“ наведувајќи дека слободата на печатот е основен американски принцип во повеќе од 200 години, пренесе Би-би-си.

Њујорк тајмс избра наслов „На слободниот печат сте му потребни“, нарекувајќи ги нападите на Трамп „опасни за суштината на демократијата“.

Њујорк пост, про-Трамп таблоид, одговори на повикот на Глоуб, велејќи: „Кои сме ние да не се согласуваме?“ додавајќи: „Може е фрустрирачки да тврдиме дека само затоа што објавуваме непријатни вистини не значи дека сме лажни вести, но да се биде новинар не е натпревар на популарност. Се што можеме да направиме е да продолжиме да известуваме“. Но, исто така, додаде: „Дали ова ќе направи разлика? Ниту малку.“

На 20 јануари 2019 владата на САД веќе цел месец е делумно блокирана поради инсистирањето на Трамп да добие 5,7 милијарди долари од Конгресот за финансирање на неговиот расистички и средновековен пограничен ѕид.

повеќе

Луѓето се љубопитни суштества, колку и да го одрекуваат тоа.

повеќе

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе