Американските киносали ја укинаа обврската да носат маска за сите што се вакцинирани

Три водечки синџири киносали во САД објавија дека, во согласност со најновите упатства на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), ја укинуваат обврската за носење маска за секој што примил целосна доза вакцина против ковид-19.

Фото: ЕПА

АМЦ ентертејнмент, Синемарк и Регал синемас во петокот на своите веб-страници објавија дека од сите посетители што не се целосно вакцинирани ќе биде побарано да продолжат да носат маски, додека сите мерки за социјално растојание и задолжителна дезинфекција ќе бидат спроведувани како и досега.

„Според упатствата на ЦДЦ, посетителите што примиле целосна доза на вакцина, не треба да носат маски“, рече АМЦ. „Ако не сте, ве молиме, продолжете да носите маска за време на престојот во кино, освен кога јадете или пиете“.

Регал и Синемарк имаат слични објави на своите веб-страници. Сите три синџири рекоа дека ќе ги почитуваат локалните и правилата на конкретните држави во врска со обврската за носење маски, кои може да се разликуваат од упатствата на ЦДЦ.

Пред две недели ЦДЦ донесе одлука за целосно укинување на обврската за носење маски за сите што примиле целосна доза вакцина против ковид-19.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе