Имало „непримерно однесување“

Американските демократи објавија детален извештај за аферата Трамп-Украина (ВИДЕО)

Демократите од одморот на Претставничкиот дом на Конгресот за разузнавачки прашања објавија синоќа извештај во кој се наведува дека американскиот претседател Доналд Трамп склучувал договори со Украина за своја политичка корист.

Според повеќе избори, извештајот е еден вид историски преседан во изгласувањето отповикување на претседателот, пишува Си-ен-ен.

Извештајот на демократите главно се темели на 17 интервјуа со сведоци водени во текот на изминатите неколку месеци, вклучувајќи и 12 во текот на двете недели јавна расправа, а одат во прилог на тоа дека Трамп извршил притисок врз Украина да отвори истрага против неговиот политички ривал, потенцијалниот демократски претседателски кандидат Џо Бајден.

„Истрагата за отповикување покажа дека Трамп, лично или преку посредници, во и надвор од владата, се мешал во внатрешните работи на државата Украина, во корист на својата кампања“ за претседателските избори на кои очекува повторно да победи, се наведува во извештајот во кој однесувањето на Трамп се нарекува „непримерно“.

„Претседателот го условил повикот во Белата куќа како и воената помош на Украина ако за возврат се најави истрага поволна за неговата (предизборна) кампања“, а го попречувал и самиот тек на истрагата, се наведува.

Белата куќа веднаш синоќа реагираше наведувајќи дека истрагата е „измама“ и дека нема никакви докази против Трамп.

„Извештајот само сведочи за фрустрацијата на демократите и изгледа како гнев на некој ситен блогер кој се обидува да докаже нешто што очигледно не постои“, изјави портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам.

Трамп се наоѓа во Британија на самитот на НАТО.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе