Американските демократи ги одложија партиските избори поради коорнавирусот

Демократската партија на САД поради епидеијата на коронавирусот ја одложи за август партиската конвенција на која делегатите ќе ги одберат кандидатите за претседател и потпретседател на САД.

Конвенцијата, која требаше да биде одржана од 13 до 17 јули во градот Милвоки, ќе почне на 17 август, јавува Асошиејтед прес.

Демократите се надеваа дека с одржување на конвенцијата кон средината на јули ќе имаат повеќе време да се обединат зад избраниот партиски кандидат кој на изборите на 3 ноември ќе му се спротивстави на претседателот на САД Доналд Трамп.

Во трката за претседателски кандидат на демократите останаа двајца кандидати, 77-годишниот поранешен американски потпретседател Џозеф Бајден и 78-годишниот сенатор од Вермонт Берни Сандерс.

На внатрепартиски избори, кои требаше да траат од 3 февруари до 23 јуни, Бајден досега освои 1.217 делегати, а Сандерс 914.

За некој од кандидатите да ја освои демократската номинација, потребно е да има најмалку 1.991 од 3.979 делегати на Демократската национална конвенција во Милвоки.

Внатрепартиски избори формално се одржуваат и во Републиканската партија, иако се знае дека Трамп ќе биде нејзиниот кандидат на изборите.

Републиканската национална конвенција на која треба да биде потврдена Трамповата кандидатура, ќе биде одржана во Шарлот, од 24 до 27 август.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе