Американскиот „шпион“ уапсен во Русија е британски граѓанин

Американскиот државјанин уапсен во Русија поради наводна шпионска операција е државјанин на уште најмалку една друга земја.

Британските власти во четвртокот потврдија дека Пол Вилан е двоен државјанин и дека побарал помош од британските дипломати во Москва. 48-годишниот поранешен маринец е роден во Канада, но не е утврдено дали сè уште е и канадски државјанин. Канадските власти рекоа дека се „свесни дека канадски државјанин е уапсен во Русија“, но одбија да дадат детали.

Британските власти велат дека побарале конзуларен пристап до Вилан, кој се наоѓа во поранешен затвор во КГБ. Тој веќе бил посетен од Џон Хантсман, американскиот амбасадор во Русија.

Руските власти велат дека Вилан, шеф за глобална безбедност во добавувач на автомобилски делови во Мичиген, беше уапсен во хотелска соба во Москва откако добил УСБ со список на вработени во тајна руска агенција. Неговото семејство и пријатели велат дека бил во Русија на свадба.

Вилан бил исфрлен од морнарицата во 2008 година поради лошо однесување, откако беше осуден за обид за кражби, а соработниците сметаат дека е тешко да се поверува дека бил вмешан во шпионажа, објави Вашингтон пост.

„Ниту една разузнавачка агенција нема да земе некого со неговото минато да биде шпион“, вели Т.Џ. Сјостром, разузнавач што бил во единицата на Вилан кога била испратена во Ирак во 2006 година.

Си-ен-ен објави дека аналитичарите се сомневаат дека Русија сака да го трампа Вилан за осудената руска агентка Марија Бутина.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе