За да победи Трамп

Американскиот Сенат заклучи дека Русија се мешала во претседателските избори во САД

Лидерите на одборот за разузнавачки работи на американскиот Сенат денес кажаа дека се сложуваат со оценките на разузнавачките агенции дека Москва се трудела да се меша во изборите во 2016 за да ги зголеми шансите Доналд Трамп да стане претседател на САД.

„Нема дилема дека Русија презела напори без преседан за да се вмеша во нашите избори во 2016“, изјави претседателот на одборот, републиканецот Ричард Бар, во заедничка изјава со водечкиот демократ во одборот по сослушувањето зад затворени врати.

„По темелното разгледување нашиот персонал заклучи дека извештаите на разузнавачката заедница биле точни“, изјави сенаторот Марк Ворнер.

„Руските обиди биле опсежни, софистицирани и лично наредени од претседателот Владимир Путин за да му се помогне на Доналд Трамп и да ѝ се наштети на Хилари Клинтон“, изјави Ворнер.

На сослушувањето сведочеа поранешниот директор на националната разузнавачка заедница Џејмс Клапер, поранешниот директор на ЦИА Џон Бренан и поранешниот шеф на Националната агенција за безбедност Мајк Роџерс. Поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми, кого Трамп го отпушти, беше повикан но не се појави на сослушувањето.

Сенатскиот одбор за разузнавачки работи отвори една од трите главни истраги за руското дејствување на изборите во 2016, покрај таа на одборот за разузнавачки работи на Претставничкиот дом и на одборот за правосудство на Сенатот.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе