Американскиот Сенат не ги усвои санкциите за Северен тек 2

Иако овојпат законот не помина, републиканците можат да додадат амандман и да го блокираат руско-европскиот гасовод кога ќе разговараат за нови мерки против Русија.

Фото: ЕПА

Очекувано, во четвртокот во американскиот Сенат не помина предлог-законот за санкции против компанијата што стопанисува со гасоводот „Северен тек 2“. Меѓу другото, веќе беше договорено во екот на американско-руските преговори ситуацијата да не се влошува и барем на овој план да се покаже добрата волја на Вашингтон, а никогаш нема да биде доцна за нова можност. Веќе за време на гласањето за предлог-законот за санкции против Русија од страна на демократот Роберт Менендез, републиканците можат да поднесат амандман за вклучување и на санкциите за „Северен тек 2“.

Во медиумите се споменува дека овие санкции би опфатиле водечки руски владини и воени функционери, како и финансиски институции. Предлогот, по повод кој се шпекулира дека на листата ќе биде вклучен и Владимир Путин, е направен како мерка за „спречување на руските непријателски дејствија против Украина“. Засега не е познато кога ќе се гласа за овој предлог, што според Москва би значело прекин на секаква комуникација со САД.

За предлогот на републиканскиот сенатор Тед Круз за воведување санкции за гасоводот сега гласаа 55 сенатори, 44 беа против, а беа потребни 60 гласа за да се донесе законот. Сепак, расправата за овој закон траеше речиси седум часа, што не е чудно со оглед на историјатот на темата. Кога Џозеф Бајден ја презеде функцијата, гасоводот беше завршен 95 отсто и тој се откажа од санкциите во обид да ги подобри односите со Германија и да постигне договор за ублажување на штетата што може да им ја нанесе на Украина и Европа. Како одговор, Круз покрена блокада на сите кандидати на Бајден во Стејт департментот додека администрацијата повторно не ги воведе санкциите, а потоа во декември минатата година постигна договор со лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер да се „ослободат“ 32 кандидати во замена за гласање за неговиот предлог закон.

Против предлогот на Круз сега гласаше и демократската сенаторка Џин Шахин, која првично го поддржа нацртот, нагласувајќи дека тој може да го загрози единството на Вашингтон и Европа кога станува збор за „руската агресија“ против Украина. Иако пратениците од обете партии се против гасоводот, демократите засега сметаат дека предлогот на Круз ќе им наштети на односите со Германија во време кога САД се обидуваат да претстават обединет фронт против Русија и трупањето нејзини војници во близина на границата со Украина.

Круз рече дека само сегашното воведување санкции за „Северен тек 2“ може да ги наруши пресметките на Владимир Путин и да ја запре наводната инвазија врз Украина, додека други републиканци ги обвинија демократите дека се срамежливи во спротивставувањето на Путин. Претходно, како што објави „Блумберг“, демократскиот сенатор Марк Ворнер го критикуваше предлог-законот на Круз, велејќи дека не му се допаѓа идејата за „Северен тек 2“, но ни идејата клучниот сојузник да го удрат во стомак – не му е природна. Од друга страна, пред гласањето во Сенатот, републиканскиот сенатор од Вајоминг, Џон Барасо, констатираше дека Путин, доколку не се усвои законот, „ќе почувствува слабост“ и дека запирањето на гасоводот треба да биде договор меѓу двете партии.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе