Американскиот Сенат го прогласи судењето против Трамп за уставно

Повеќето сенатори се изјаснија дека судењето за отповикување на поранешниот претседател Доналд Трамп е уставно, и покрај повиците на републиканците да се отфрли случајот, пренесува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

За донесување на оваа одлука беше потребно просто мнозинство, така што судењето беше прогласено за уставно, бидејќи 56 сенатори гласаа „за“, а 44 „против“.

За уставноста на постапката гласаа и шест републикански сенатори - Бил Касиди, Сузан Колинс, Лиса Мурковски, Мит Ромни, Бен Сас и Пат Тумеј.

Во продолжение на постапката, раководителите на импичментот и на одбраната на Трамп имаат до 16 часа во следните два дена да ги презентираат своите случаи.

Прво, своите аргументи ги презентираат менаџерите за импичментот и познато е дека тие планираат да користат видеа од нападот врз Капитол за да го докажат случајот.

Постапката се очекува да продолжи утре напладне.

Според Си-ен-ен, Трамп не е задоволен од излагањето на неговиот адвокат Брус Кастор, бидејќи било потребно неговиот воведен збор да покаже дека не е уставно да му се суди на претседател што повеќе не е на таа позиција.

Бидејќи правниот тим на Трамп беше составен пред една недела, не е невообичаено што не успеаја за кратко време да формираат убедлива одбрана, рекле извори за Си-ен-ен.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе