Милановиќ неколку пати изјави дека САД преку Украина водат посредничка војна против Русија, и дека затоа војната во Украина ќе се решава меѓу Вашингтон и Москва.
„Во тој поглед Милановиќ греши, ова не е посредничка војна, ова е обид да ѝ се помогне на жртва на неиспровоцирана агресија да се одбрани“, кажа Ескобар во Загреб. Истакна дека за Хрватска по тоа прашање е поважно што прави, отколку што зборуваат нејзините политичари. „Во сите аспекти Хрватска е на вистинската страна – во секоја одлука, секоја декларација, во своето дејствување“.
Истакна дека Србија мора да се придружи на западните санкции против Русија бидејќи тоа ѝ е правна обврска на патот кон Европската Унија, а додека тоа не се случи, САД ќе продолжат да работат на тоа „Србија да ги сфати малигните последици на руското влијание на Балканот“.