Американскиот пасош поради коронавирусот стана практично бескорисен

Моќта на американскиот пасош нагло падна поради новото влошување на состојбата во државата предизвикано од пандемјата на коронавирусот.

EPA-EFE

САД во петокот забележаа над 62.500 новозаразени со коронавирусот, што е рекорно зголемување трет ден по ред.

Рекордно зголемување на бројот на новозаразени со ковид-19 забележаа државите Аљаска, Џорџија, Луизијана, Монтана, Охајо, Јута и Висконсин.

А тоа поприлично се одрази врз можноста за патувања па така Америкаците сега без дозволи можат да патуваат во само неколку земји во светот, меѓу кои е и Македонија. До неодамна можеа слободно да патуваат практично по целиот свет, а сега повеќе никој не сака да ги прими имајќи ја предвид загрижувачката ситуација со коронавирусот во таа држава.

Албанија, Либан, Антигва и Барбуда, Малдиви, Аруба, Мексико, Бахами, Барбадос, Санта Луција, Белизе, Сен Мартен, Бермуди, Свети Винсент и Гренадини, Хрватска, Србија, Доминиканса Република, Танзанија, Турција, Француска Полинезија, Турција, Украина, Јамајка, Косово и Македонија се земји во кои Американците можат да патуваат без рестрикции.

При влезот во Еквадор, Ирска, Обединети Арапски Емирати и Британија за Американците е задолжителен двонеделен карантин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе