Американскиот министер за одбрана: Сите нè шокираше распадот на авганистанската војска

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин кажа во Конгресот дека Пентагон бил вџашен од ненадејното распаѓање на авганистанската војска, признавајќи дека имало лоши проценки во најдолгата американска војна, а се однесуваат и на корупцијата и на нискиот морал на авганистанските војници.

EPA-EFE

„Фактот што ние и партнери ја трениравме авганистанската војска едноставно се стопи – во многу случаи без испукан куршум – и тоа нè вџаши“, кажа Остин пред сенатскиот Одбор за воена служба.

„Би било нечесно да се тврди поинаку“, кажа американскиот министер за одбрана.

Остин зборуваше на почетокот на дводневното сослушување за хаотичниот крај на војната во Авганистан во кој загинаа американски војници и авганистански цивили, а талибанците се вратија на власта.

Одборите во Сенатот и Претставничкиот дом вчера и денес ги сослушуваат функционерите, при што републиканците се надеваат дека ќе ги истакнат утките на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во завршувањето на 20-годишната војна.

Пред две недели на слично испрашување во Конгресот беше подложен државниот секретар Ентони Блинкен, кој решително ја бранеше владата иако имаше повици да поднесе оставка.

Остин го пофали американскиот персонал кој помогна да се евакуираат 124.000 Авганистанци од земјата во операцијата во која животот го загубија 13 американски војници, но и бројни Авганистанци, во самоубиствен бомбашки напад врз аеродромот во Кабул.

„Дали беше совршено? Секако дека не“, кажа Остин.

Тој ги спомна очајните Авганистанци кои загинаа на американскиот воен авион во обид да се качат и цивилите загинати во последниот напад кој Американците со беспилотно летало.

Сенаторот Џејмс Инхоф, републиканец во сенатскиот Одбор за воена служба, директно ја обвини администрацијата на Бајден за срамниот крај на 20-годишната американска операција во Авганистан.

Тој кажа дека Бајден ги занемарил препораките на воените команданти и оставил бројни Американци по повлекувањето на американската војска.

„Сведочевме на ужасот на одлуките на претседателот“, кажа Инхоф.

Но со најтешките прашања веројатно ќе се соочат двајцата високи американски команданти кои треба да сведочат – генералот Мајк Мајли, командантот на генералштабот, и морнаричкиот генерал Френк Мекензи, командант на централната американска команда.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе