Американскиот министер за одбрана: Севернокорејските ракетни програми се глобална закана

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер кажа дека нуклеарната и ракетните програми на Северна Кореја се глобална закана, откако Пјонгјанг покажа досега непознати интерконтинентални балистички ракети на воена парада.

EPA-EFE

Појавата на нова интерконтинентална балистичка ракети (ИЦБМ) на севернокорејската парада за време на викендот го привлече интересот на многу западни аналитичари.

Меѓутоа, властите во Јужна Кореја најмногу ги загрижува покажувањето на новите ракетни системи со повеќе лансирни системи (МЛРС) и брзите, управливи ракети со краток дострел кои би биле идеални за напад на цели на југот.

Зборувајќи пред средбата со јужнокорејскиот министер за одбрана Сух Вук во Пентагон, Еспер кажа:

„Се сложуваме дека севернокорејската нуклеарна и балистичка ракетна програма и понатаму претставуваат сериозна закана за безбедноста и стабилноста на регионот и светот“, и додаде дека „Соединетите Американски Држави остануваат посветени на безбедноста на Јужна Кореја“.

Истакна меѓутоа дека Јужна Кореја и САД мора да најдат поправеден начин на поделба на одбранбените трошоци за да „не паѓаат нееднакво на товар на американските даночни обврзници“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој се фали со својот однос со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, повеќе пати кажа дека Сеул треба да плати поголем дел од трошоците на американските воени сили распоредени на југот.

Во Јужна Кореја се распоредени околу 28.500 американски војнци со цел одвраќање на Пјонгјанг, кои истовремено се и порака до Кина за влијанието и капацитетите на САД во Азија.

Одвоено, американскиот државен секретар Мајк Помпео наведувајќи го недостигот од тестови на ИЦБМ минатата година им кажа на новинарите дека благодарение на политиката на Трамп за ангажманот на САД е намален ризикот од Северна Кореја.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе