Американскиот министер за одбрана: Русите го спречуваат мирот во Украина

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин ја нарече Русија пречка за мирот во Украина обвинувајќи ја Москва за дестабилизирање на регионот на Црното Море.

EPA-EFE

„Ја повикуваме Русија да ја прекине окупацијата на Крим и да престане да ја продолжува војната на истокот на Украина и да ги прекине своите дестабилизирачки активности во регионот на Црното Море и долж украинската граница“, порача Остин.

„Русија ја почна таа војна и Русија е пречка за мирно решавање“, додаде Остин во Киев по состанокот со својот украински колега Андриј Таран.

Во Украина од 2014 година има криза со проруските бунтовници за кои западот смета дека се под контрола на Москва. Тој конфликт изби неколку недели по руската анексија на црноморскиот полуостров Крим.

Остин е на турнеја по Црноморскиот регион и веќе ја посети Грузија, другата поранешна советска република која покрај Украина сака да влезе во НАТО, а ќе ја посети и Романија која е членка на воениот пакт. Тој тврди дека турнејата е важна за јакнење на соработката на државите од регионот наспроти активностите на Русија.

„Овој регион останува клучен за нас“, кажа американскиот министер. Со тоа на одреден начин одговори на загриженоста на дел од западните земји кои сметаат дека САД сè повеќе ја занемарува Европа и фокусот го става на Индопацифичкиот регион.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе