Американскиот министер за одбрана му се спротивстави на Трамп, не сака војската да ги смирува протестите

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер му се спротивстави на Доналд Трамп - тој не ја поддржува употребата на војската за гаснење на протестите низ Соединетите Држави.

Фото: ЕПА

„Можноста за употреба на војската за целите на спроведување на законот треба да се примени само како последно средство и само во најнезгодни и најтешки ситуации. Ние сега не сме во таква ситуација“, рече Еспер, додавајќи дека тој не го поддржува Трамповото повикување на војската.

Трамп вчера најави дека испраќа трупи на улиците.

„Ќе ја испратам американската војска на улиците и брзо ќе им го решам проблемот. Преземам и чекори да ја заштитам нашата голема престолнина, Вашингтон“, рече тој.

Тој им препорача на гувернерите да ја испратат Националната гарда, во доволен број за да може да доминира на улиците, а истото им го порача и на градоначалниците, додавајќи дека ако не можат тоа да го решат сами, тој ќе им го реши.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе