Американскиот министер за финансии: Грета Тунберг прво нека студира економија

Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин ѝ порача на младата шведска активистка Грета Тунберг дека мора да дипломира економски факутет за на инвеститорите да им држи лекција за инвестирање, јавуваат британските медиуми.

Повикот на Грета до инвеститорите да престанат со финансирањето на фосилните горива покажува неразбирање на економијата и работните места, рече денес Мнучин на годишниот собир на светските политички и економски лидери во Давос, Швајцарија.

„Дали таа е главен економист, или која е таа? Збунет сум“, одговори Мнучин со контра прашање на прашањето на новинарот да го коментира апелот на 17-годишната Швеѓанка.

„Нека оди прво да студира економија, па тогаш може да се врати и да ни објасни како би функционирало“, рече американскиот министер за финансии.

„Луѓето кои бараат прекин во инвестирањето, најпрво треба да одговорат на важни економски прашања - прашањето за работните места“, додаде тој.

„Паузата ми завршува во август, но не е потребна факултетска диплома по економија за да се сфати дека преостанатите 1,5° дозволени емисии на јаглерод и постојните субвенции за фосилно гориво и инвестициите не се совпаѓаат”, му одговори Грета на Твитер. „Па или вие кажете ни како да се справиме со ова или објасните им на идните генерации или на оние кои веќе се погодени со климатските вонредни случаи зошто треба да ги напуштиме нашите климатски обврски“.

Пораката на Мнучин се надоврзува на онаа на американскиот претседател Доналд Трамп, кој еколошките активисти во вторникот ги нарече „катастрофичари“.

„Мислам дека Грета треба да започне да се занимава со други земји“, рече Трамп.

Активистите се премногу песимистични и треба да се концентрираат на земјите каде што расте емисијата на штетни гасови, рече американскиот претседател. Не прецизираше кои земји би биле тие.

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе