Американскиот конгрес постигна начелен договор за финансирање на границата

Американските законодавци, кои учествуваат во преговорите за новиот буџет за финансирање на граничната безбедност, изјавија дека постигнале начелен договор во обид да се спречи нова делумна блокада на владата, но кој, според изворите, не вклучува распределба на 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот по должината на границата со Мексико, како што побара претседателот Доналд Трамп.

„Постигнавме начелен договор за финансирањето на програма за граничната безбедност до 30 септември“,за новинарите изјави републиканскиот сенатор Ричард Шелби. „Нашите канцеларии напорно ќе работат на утврдување на сите детали“, додаде тој.

Шелби не рече дали претседателот Трамп ќе ги добие побараните средства за изградба на ѕидот на границата со Мексико. Извор од американскиот Конгрес, кој сака да остане анонимен, откри дека со договорот се одобрени 1.37 милијарди долари за изградба на нова ограда по должината на јужната граница на САД, пренесе Ројтерс.

Тоа е отприлика еднакво на она што Конгресот го додели минатата година и е далеку под она што го побара Трамп.

Според истиот извор, средствата не се наменети за изградба на „ѕидот“ кој Трамп го најавува откако влезе во кампањата за претседателските избори во 2016. Два други извори изјавија дека во изградбата на 90 километри на дополнителна бариера може да се користат само оние видови на препреки што веќе се користени. Овие препреки, кои вклучуваат ограда од челични шипки, се користат откако Трамп стана претседател.

Набрзо откако e постигнат договорот, Трамп одржа собир во пограничниот град Ел Пасо, Тексас, каде се залагаше за ветениот ѕид долж границата на САД со Мексико, тврдејќи дека тој може да ги заштити Американците од насилните криминалци, дрогата и „огромната навалица“ на мигранти.

Трамп рече дека слушнал за напредокот во разговорите непосредно пред да излезе на сцената, но и тој не разговараше за детали. „Само да знаете – секако ќе го изградиме ѕидот“, рече тој. „Можеби напредок е постигнат - можеби не“.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе