Американскиот Конгрес ќе се потруди Ердоган скапо да ја плати офанзивата во Сирија

Американскиот Конгрес ќе направи напори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган скапо да ја плати својата офанзива во Сирија против курдските сили, сојузниците на Вашингтон, предупреди денес влијателниот републикански сенатор Линдзи Греам.

„Молете се за нашите курдски сојузници кои срамно ги остави на цедило Трамповата администрација“, напиша тој на Твитер.

„Ќе вложам напори во Конгресот Ердоган тоа многу скапо да го плати“, додаде сенаторот кој обично го поддржува претседателот на САД Доналд Трамп.

Ердоган денес соопшти на Твитер дека почна турската воена операција во Сирија и напиша дека целта на операцијата е да се искорени „терористичката закана“.

Портпаролот на курдските сили Мустафа Бали кажа денес дека турски воени авиони почнале да напаѓаат „цивилни подрачја“ на северот на Сирија што предизвикало паника меѓу локалното население.

Патот за турската офанзива беше отворен кога претседателот на САД објави дека американската војска се повлекува од таа област.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе