Зборуваше и дека директорот на ЦИА планирал убиство на Трамп

Американскиот генерал што тврдеше дека Обама е терорист сега е на највисоката политичка позиција во Пентагон

Ентони Тата, контроверзниот пензиониран американски генерал, е именуван на највисоката политичка позиција во Пентагон, преземајќи ја должноста од Џејмс Андерсон, кој претходно поднесе оставка.

EPA-EFE

Тата беше номиниран за американски потсекретар за одбрана за политика минатото лето, но номинацијата беше повлечена.

Тата, како што наведува Си-ен-ен, има дадено бројни исламофобни и навредливи коментари и промовира теории на заговор.

По повлекувањето на својата номинација, Тата беше именуван за „функционер кој ги врши должностите на заменик потсекретар за одбрана за политика“ кој му е потчинет на Џејмс Андерсон.

Според зборовите на двајца американски функционери, Андерсон поднесе оставка во вторникот, еден ден откако претседателот Доналд Трамп го отпушти министерот за одбрана Марк Еспер.

Еспер беше сменет два дена откако Трамповиот демократски противник Џо Бајден беше прогласен за победник на претседателските избори, што актуелниот претседател на САД уште одбива да го прифати поднесувајќи тужби и почнувајќи постапки за повторно броење на гласовите во повеќе американски сојузни држави.

Тата се смета за лојалист на Трамп, задржувајќи ја поддршката од Белата куќа дури и откако републиканците во сенатскиот Комитет за оружени сили сигнализираа дека не се спремни да го поддржат неговото именување претходно годинава.

Андерсон беше вршител на должноста заменик министер за одбрана за политика откако Џон Род во февруари го отпушти администрацијата на Трамп поради несогласување околу низа политички прашања.

Андерсон е во Пентагон од 2018 година, прво како помошник секретар за одбрана за стратегија, планови и можности, а подоцна стана заменик потсекретар за политика.

Во неколку твитови од 2018 година Тата напиша дека исламот е „најнасилната религија за која знае“.

Тврдеше дека поранешниот американски претседател Барак Обама е „терористички лидер“ кој им наштетил на САД и „им помогнал на исламските земји повеќе од кој било претседател во историјата“.

Си-ен-ен напоменува дека Тата повеќе пати ширел бројни теории на заговор, вклучувајќи неосновани тврдења дека Џон Бренан, директорот на ЦИА во мандатот на Обама, се обидел да го урне Трамп и дури да изврши атентат врз него.

Поради тоа летоска беше откажано сослушувањето на Трамп во сенатот за номинацијата што го натера Трамп да го стави на позиција за која не е потребно одобрување од горниот дом на американскиот Конгрес.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе