Во компаниите со повеќе од 100 вработени

Американскиот федерален суд повторно воведе уредба за задолжителна вакцинација

Федералниот суд во Соединетите Американски Држави повторно ја наложи уредбата за задолжителна вакцинација на работниците во компаниите со повеќе од 100 вработени.

EPA-EFE

Задолжителната вакцинација за вработените во големите компании на почетокот на ноември ја суспендираше друга судска инстанца.

Според новите правила, вработените во компаниите во САД со повеќе од 100 работници ќе мора да 4 јануари да бидат вакцинирани против коронавирусот или да бидат тестирани секоја недела за да можат да работат.

На компаниите кои нема да ги почитуваат тие прописи им се заканува казна од 14.000 долари по прекршок.

Најмалку 26 американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден поради указот за задолжителна вакцинација.

Уредбата на претседателот посебно ја оспори државата Тексас, во која на власт се републиканците.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе