Американскиот државен секретар пристигна во Израел, во прва негова посета во странство од март

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна во Израел во својата прва посета во странство од март. Помпео слета на аеродромот Бен Гурион во еднодневна посета, за време на која ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот коалициски партнер, Бени Ганц.

Нетанјаху и Ганц постигнаа договор за формирање коалициска  влада со што се стави крај на политичкиот застој со кој се парализираше израелската политика повеќе од една година и за време на која Израелците трипати излегоа на гласање.

Според договорот меѓу актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху, лидерот на десничарската партија Ликуд и неговиот ривал Бени Ганц од центристичката коалиција Сино и бело, Нетанјаху ќе биде премиер во наредните 18 месеци, а во октомври 2021 година таа должност ќе ја преземе Ганц.

Американскиот амбасадор во Израел Дејвид Фридман не присуствуваше на свечениот пречек на Помпео бидејќи не се чувствувал добро, пренесува Ројтерс. Фридман имал „благи симптоми на заболување на респираторниот систем“ и на тестот за новиот коронавирус бил негативен.

Претходно оваа недела, официјален претставник на Стејт департментот задолжен за Блискиот исток Дејвид Шенкер изјави дека Помпео ќе се состане и со Нетанјаху и со Ганц. Шенкер одби да коментира дали тема на неговите разговори ќе биде потенцијалното израелско анексирање на израелските населби на Западниот Брег.

Палестинците сметаат дека Западниот Брег е јадро на нивната идна држава, а израелската анексија би предизвикала широка меѓународна осуда.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе