Американскиот државен секретар Помпео: САД силно го поддржува грчко-турскиот дијалог

САД силно го поддржува дијалогот меѓу Грција и Турција, изјави денеска американскиот државен секретар, Мајк Помпео, по средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Крит.

Фото: Твитер

Помпео се состана со грчкиот премиер за време на дводневната посета на Грција, а разговорот се одржа откако се зголемија регионалните тензии околу истражувања на енергетски извори.

„Силно го поддржуваме дијалогот меѓу сојузничките на НАТО Грција и Турција и ги охрабруваме да продолжат со дискусија што е можно побрзо“, рече Помпео за време на посетата на американската поморска база во заливот Соуда на јужниот грчки остров Крит, пренесе Екатимерини.

„Длабоко сум импресиониран од мојата посета на Сауда беј. Благодарение на Договорот за заедничка одбранбена соработка што со Никос Дендиас го потпишавме минатата година, нашите воени односи значително се подобрени. Силната НАТО алијанса продолжува да придонесува за регионалната безбедност“, напиша Помпео на Твитер.

Помпео, кој во понеделникот се состана со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас во Солун, рече дека односите меѓу САД и Грција се „на највисоко ниво“.

„На Грција гледаме како на вистински столб за стабилност и просперитет во Источен Медитеран и сме неверојатно горди што го поддржуваме нејзиното лидерство“, рече Помпео, додавајќи дека „безбедносната соработка е особено важна бидејќи Русија продолжува да го дестабилизира регионот“.

Во своите коментари, грчкиот премиер ги критикуваше провокативните активности на Турција во Источен Медитеран, додавајќи дека „турските активности се во спротивност со западните вредности“.

Мицотакис рече дека Грција е „против еднострани активности, додавајќи дека е оптимист дека„ времето на дипломатијата пристигна“.

Грција и Турција се во спор околу суверенитетот над водите во кои има наоѓалишта на гас. Тензиите меѓу Турција и Грција ескалираа кон крајот на август кога двете земји организираа ривалски воени вежби.

Грчко-турските тензии се намалија откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатиот вторник по разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави дека двете земји се подготвени за преговори за источниот Медитеран.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе