Ги објавија насоките

Американскиот Центар за контрола на болести им дозволи на вакцинираните собирања без маски

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги објави денес насоките за вакцинираните граѓани, во кои се наведува дека целосно вакцинираните можат да се сретнуваат во затворен простор без носење маски и држење дистанца.

EPA-EFE

Во Соединетите Американски Држави во последните 24 часа се заразени 46.455 луѓе со коронавирусот, а умреле 666, па бројот на смртни случаи од почетокот на избивањето на пандемијата е поголем од 525.000, објави Универзитетот Џонс Хопкинс.

Целосно вакцинираните може да се собираат и со оние кај кои постои мал ризик од развивање тешки симптоми на ковид-19, на пример вакцинирани дедо и баба можат да посетат здрави деца или внуци.

ЦДЦ наведе дека луѓето се сметаат за „целосно вакцинирани“ дури две недели по примената последна доза од вакцината.

Долго очекуваните насоки на ЦДЦ се објавени откако голем број Американци побараа одговори дали по целосната вакцинација можат да се вратат на нормалниот живот.

Повеќе од 30 милиони Американци ги примиле двете дози на вакцината против ковид-19, а уште десетици милиони би требало да ја примат втората доза до крајот на месецот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе