Американскиот апелациски суд ја блокираше озлогласената програма на Трамп за емигрантите

Американскиот апелациски суд во Сан Француско ја блокираше политиката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради која десетици илјади емигранти мораат со месеци во Мексико да чекаат датум за рочиште на американските емиграциски судови.

Тројцата судии на американскиот апелациски суд кажаа дека политиката на Трамповата администрација е во конфликт со текстот и целта на американските емиграциски закони.

Програмата, која е на сила една година и се вика Протокол за заштита на емигрантите (МПП), е една од најдраматичните промени на емиграциската политика која ја донесе Трамповата влада.

Околу 59.000 емигранти се вратени во Мексико во рамки на програмата. Таа почна да се спроведува во Сан Диего, а потоа се прошири на другите премини вдолж американско-мексиканската граница.

Емигрантите, меѓу кои голем број деца, се соочени со насилство додека во опасните погранични градови чекаат судска постапка за добивање азил.

Најмалку 343 луѓе се нападнати или им се заканувале во Мексико, покажува извештајот на организацијата Хјуман рајтс воч од 1 октомври во кој се документирани грабнувања, силувања и напади.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе