Американскиот амбасадор во Србија: Вистинското помирување на Белград и Приштина можеби е на дофат на рака

Амбасадорот на САД во Србија Ентони Годфри кажа дека воспоставување постабилна економска соработка меѓу Белград и Приштина е реално остварлива цел.

EPA-EFE

Тој кажа дека таквата цел брзо би донела конкретни резултати, и заклучи дека можеби вистинското помирување на Белград и Приштина е на дофат на рака.

„Економската соработка би ја зајакнала довербата на двете страни и би довела до унапредување на врските и во другите области. Можеби навистина помирувањето на Белград и Приштина ни е на дофат на рака. Нема причина за понатамошни одложивања“, кажа Годфри и истакна дека таквиот став го делат и специјалниот претставник Ричард Гренел, Белата куќа, Стејт департментот и неговиот тим во амбасадата.

На прашањето дали е возможно брзо да се дојде до некаков договор за Косово и дека би можел да биде постигнат и дури пред изборите во САД, Годфри одговори: „Зошто да не?“

„Мене ми се чини дека е сосема реално претставниците на двете страни да сакаат да склучат траен договор кој би ги унапредил животите на граѓаните и би донел стабилност“, кажа американскиот дипломат и додаде дека продолжувањето на тензиите ја спречува можност за раст и напредок на сите во регионот.

Политиката на Вашингтон кон регионот, како што кажа, нема да се менува без оглед на тоа кој во ноември ќе биде избран за претседател на САД и истакна дека враќањето на дијалогот на Белград и Приштина не е партиско прашање.

„Стабилноста и напредокот во регионот се цели кои ги поддржуваат двете главни политички партии во Америка“, порача амбасадорот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе