Американскиот амбасадор во Србија: Ниедна страна нема да го добие она што го сака без договор за нормализација

Амбасадорот на САД во Србија Кајл Скот изјави дека постои очигледна недоверба во односите меѓу Белград и Приштина.

Скот смета дека е потребно двете страни да се вратат на преговарачката маса и дијалогот да продолжи, и дека ставот на Вашингтон останува ист – сеопфатен договор за нормализација на односите на Белград и Приштина.

Тој за регионалната телевизија Н1 изјави дека собраниската дебата во српскиот парламент која беше одржана по тоа прашање била важна бидејќи, како што кажа, „дала нов поттик за потребата за дијалог“.

„Разговорот и дебатата беа важни. За првпат, во мојот мандат, се разговараше отворено за Косово на седница на српската Скупштина. Тоа што го кажа претседателот (на Србија Александар Вучиќ) беше многу интересно, некои нешта кои ги кажа за констатирањето на реалноста, за соочувањето со горчливата вистина за Косово беа важни пораки за српската јавност“, кажа Скот.

На прашањето дали постои можност за компромис околу прашањето за Косово до крајот на годината, тој кажа дека бил поголем оптимист пред шест месеци, но додаде: „Никогаш не вели никогаш“.

„Единствениот начин е директно да се разговара за сѐ меѓу Белград и Приштина. Решението мора да дојде од тука, не од Брисел, Вашингтон или Москва, и да биде трајно и стабилизирачко за поширокиот регион на западниот Балкан. Мислам дека постои перспектива за напредок“, истакна американскиот амбасадор.

„Ниедна страна нема да го добие она што го сака без договор за нормализација“, заклучи Скот.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе