Американскиот амбасадор во Србија: Балканот е мета за регрутација на терористи

Американскиоот амбасадор во Србија Кајл Ско предупреди дека државите од Западниот Балкан се мета за регрутација и клучна рута за влез на екстремисти во Европа.

На трибина за превенција на насилен екстремизам, американскиот дипломат потсети дека Исламска држава има пропагандна стратегија за Балканот и дека во неа ги користи јазиците од регионот и социјалните мрежи со цел на регрутација.

„Треба да размислиме како да им пријдеме на младите луѓе, критички да размислуваат за она што го читаат и слушаат“, кажа Скот.

Американскиот амбасадор укажа дека во извештајот на Стејт департментот се наведува дека терористички напади во 2015 години се случиле во 92 земји и дека десетици илјади луѓе се убиени или ранети.

Нападите се злучувале во нестабилните зони, како јужна Азија и Блискиот Исток, но расте бројот на напади и во САД и во Европа.

„Доволно е да кажам 11 септември или железничката станица во Мадрид, бриселскиот аеродром, Шарли ебдо, Ница, берлиснкиот божиќен пазар и пред очите веќе ни се јавуваат страшни слики од бруталните и кукавички напади“, кажа американскиот амбасадор.

Тој смета дека сите сме под ризик, но сме и дел од решението, но дека заеднички приоритет мора да биде борбата против екстремизмот и спречувањето на радикализацијата.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе