Американскиот амбасадор во Приштина: Заканите и реториката од времето на комунизмот мора да престанат

Американскиот амбасадор во Приштина Грег Делави е уверен дека суштината на договорот меѓу Белград и Приштина мора да дојде од самите страни.

Како што кажа, тој договор мора да биде применлив, траен и да придонесе на стабилноста во регионот, но мора да им обезбеди и мир на своите граѓани, вклучувајќи ги и косовските Срби и Српската православна црква.

Потврдувајќи дека постојат ограничувања околу тоа што САД ќе прифатат како договор, Делави во видео-порака од Приштина кажа дека секој договор мора да ја обезбеди безбедноста на своите граѓани, вклучувајќи ги „чувствителните групи, косовските Срби и Српската православна црква“.

„Во последните неколку недели имаше реторика која не помогна, вклучувајќи закани и тип на говор кој го слушавме во старите лоши денови на комунизмот. Ова мора да престане. Таквите изјави ги поткопуваат шансите за решение и ги креваат тензиите. Насилството и заканите со насилство се неприфатливи“, порача на снимката американскиот амбасадот на Косово.

Делави истакна дека САД сакаат да помогнат да се постигне договор кој ќе биде „применлив, траен и кој ќе придонесе на стабилноста на регионот“.

„Не сакаме да се вратиме во старите денови, не сакаме да видиме договор кој ќе создаде повеќе проблеми отколку што ќе реши“, заклучи Делави.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе