Американскиот амбасадор во Белград на крајот на мандатот: Србија и САД немаат ист став за Косово

Амбасадорот на Вашингтон во Белград Кајл Скот изјави на крајот на својот тригодишен мандат дека Србија и САД не го делат истиот став за Косово.

Тој додаде и дека се согласни дека единствениот пат кон напредок е продолжување на дијалогот и постигнување заемен договор за нормализација.

„САД неодамна именуваа специјален претставник за западниот Балкан и тој е посветен на тоа да им помогне на двете страни да тргнат напред. Само, не можеме ние тоа повеќе да го сакаме од вас во регионот“, кажа Скот.

Тој повтори дека Србија треба да престане да лобира за повлекување на признавањето на Косово и додаде дека не разбира како понижувањето на партнерот во преговорите може да помогне да се дојде до договор.

„Кампањата за повлекување на признавањата не им помага двете страни да се вратат на преговарачката маса, исто како и царините што ги воведе Приштина“, кажа Скот.

Коментирајќи ги најавите на дел од опозицијата дека ќе ги бојкотира изборите, тој кажа дека гледа одредена смисла во жалбите на опозицијата, особено кога станува збор за пристапот на медиумите.

Американскиот амбасадор кажа дека Србија треба да донесе одлука за својата иднина врз основа на вистинските информации, а не врз пишувањата на таблоидите и дека граѓаните треба да разберат дека Америка се залага за силна Србија интегрирана во ЕУ.

Тој додаде дека Вашингтон нема проблем со добрите односи на Србија и Русија, но дека „визијата на Русија за Србија и за регонот не е иста како таа на САД или ЕУ“.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе