Сведочење зад затворени врати

Американски амбасадор си го смени сведоштвото: приказната за Трамп и Украина не е лага

Американскиот амбасадор во ЕУ, Гордон Сондленд, кој сведочеше зад затворени врати во истрагата за отповикувањето на претседателот Доналд Трамп, го смени своето сведоштво за Украина.

Тој сега призна дека сепак знаел дека исплатата на воената помош за Украина била условена со тоа претседателот на земјата Володимир Зеленски јавно да каже дека отворил истрага за бизнисот на синот на Џозеф Бајден.

Оваа промена од неговото претходно сведочење, кога тврдеше дека воената помош и истрагата за Бајден не биле поврзани, Сондленд ја објаснил со тоа дека неговото сеќавање било „освежено“ кога во истрагата го слушнал сведочењето на уште двајца сведоци.

Демократите во Претставничкиот дом објавија транскрипт од сведочењето на Гордон Сондленд, како и од поранешниот претставник во Украина Курт Волкер, а претходно беше објавено и сведочењето од државниот советник Мајк Мекинли и поранешната амбасадорка во Украина Мари Јованович, која отворено зборуваше за тоа дека личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани, води политика од сенка со Украина.

Волкер и Сондленд биле вклучени во политиката на Белата куќа кон Украина и знаат за телефонскиот повик што се случил на 25 јули помеѓу Трамп и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој е клучен за истрагата, пренесува АП.

Сондленд во транскриптот го ревидирал своето сведоштво, признавајќи дека во септември разбрал дека американската помош за Украина е поврзана со јавно ветување од украинските власти дека ќе ја испитаат корупцијата во земјата.

Конкретно, Сондленд рекол дека сега се присетува на разговор во Варшава со помошникот на украинскиот претседател, во кој Сондленд рекол дека веројатно нема да се случи продолжување на воената помош сè додека Украина не издаде јавна изјава во која се обврзува дека ќе се бори против корупцијата.

Во повикот на 25 јули Трамп тоа барање го поврзува со истрагата за Џо Бајден.

Од друга страна, Трамп и неговите приврзаници продолжуваат да ги негираат тврдењата дека Белата куќа повлекла воена помош од скоро 400 милиони американски долари со барање од Украина да објави информации што би му наштетиле на Бајден, можен кандидат на демократите на претседателските избори следната година.

Според Сондленд, Трамп рекол дека не сака ништо за возврат, туку „само да го натера Зеленски да ја направи вистинската работа“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе