Американски војници во Полска ќе вежбаат за „руска агресија“

Неколку стотици американски војници пристигнаа денес во Германија во првиот тест на стратегијата за брзо распоредување, пренесува Асошиејтед прес.

Целта на оваа стратегија е јакнење на присуството на НАТО во Источна Европа во случај на руска агресија или други вонредни ситуации.

Американската војска во Европа соопшти дека 350 војници од Првата оклопна дивизија пристигнале денес во Берлин како дел од групата од 1.500 луѓе кои ќе пристигнат неделава.

Тие се упатени кон Полска, каде што ќе се поврзат со тенковски и други тешки единици кои се доведени од своите претходно одредени позиции во Холандија, а потоа ќе спроведат воени вежби со полските сили.

Идејата на стратегијата за „динамично ангажирање на силите“ е „брзо да се насочат силите спремни за борба“ во Европа во случај тоа да биде потребно.

САД, Канада, Германија и Британија веќе командуваат со единици со големина на батаљони во Полска, Летонија, Литванија и Естонија.

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе