Американски војници во Албанија: НАТО почна голема воена вежба (ВИДЕО)

НАТО ја почна заедничката воена вежба во Албанија во која учествуваат повеќе илјади војници од САД и други земји во рамки на првата толку голема вежба на Западниот Балкан по Втората светска војна, соопшти американски воен функционер.

EPA-EFE

Како што наведе полковникот Џозеф Скрока, „Албанија е вреден безбедносен партнер на НАТО од 2009 година – и на регионален и на глобален план“.

Операциите на заедничка логистика во рамки на вежбата Бранител на Европа 2021 ќе бидат одржани во пристаништето Драч. Од 26 април американските трупи се распоредени уште во пет воени бази во Албанија и ќе останат таму до 10 јуни.

„Оваа историска мисија ја демонстрира нашата способност да бидеме стратегиски безбедносен партнер на западот на Балканот и во регионот на Црното Море“, наведе Скрока.

Вежбата Бранител на Европа е годишна мултинационална вежба која ја предводат САД е од одбранбен карактер и е фокусирана на одвраќање на агресија.

Околу 28.000 војници од САД и сојузнички и партнерски сили од 26 земји ќе спроведуваат речиси истовремени операции во повеќе од десет земји, од Балтикот и Африка до Црното Море и Балканот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе