Американски војници гаѓани со компири во Сирија (ВИДЕО)

Жителите на градот Камишли ги гаѓале американските војници со компири, додека тие повлекувајќи се минувале низ сирискиот град во кој главно живеат Курди.

Американските војници низ Камишли минале повлекувајќи се од Сирија кон Ирак пред турската офанзива против курдските сили.

На снимката која денес ја објави курдска новинска агенција, се гледа конвој оклопни возила како минува низ Камишли додека гневните жители ги гаѓаат со компири, извикувајќи на англиски „Не Америка“ и „Америка е лажго“.

Ројтерс претходно, повикувајќи се на сведоци, јави дека американските трупи влегле во Ирак од Сирија, преку граничниот премин Сахела во провинцијата Дохук.

Американскиот претседател Доналд Трамп донесе на 7 октомври одлука да ги повлече американските војници од североистокот на Сирија, по што почна турската воена операција во тој регион.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе