Се чека објавување на деталите

Американски војници дефинитивно ќе бидат распоредени во Полска

Полска се согласи со САД околу тоа каде на нејзината територија ќе бидат распоредени дополнителните американски трупи, изјави полскиот министер за одбрана Маријуш Блашчак.

„Спремни сме да ја објавиме информацијата за тоа каде војниците ќе бидат стационирани“, кажа Блашчак, не наведувајќи ја локацијата, пренесува Ројтерс.

Воениот договор меѓу Полска и САД требаше да биде финализиран за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп, која беше откажана поради ураганот Доријан, но Балшчак кажа дека согласност околу некои прашања веќе е постигната.

Полската опозиција ја обвини владејачката Партија на правото и правдата дека сака да ја искористи посетата на Трамп како средство во кампањата за парламентарните избори закажани за 13 октомври.

Варшава во јуни потпиша договор за зголемување на американското присуство на својата територија.

Полска граничи со Русија на североистокот кај енклавата Калининград, каде Москва распореди напредни проектили „искандер“, кои можат да носат нуклеарни боеви глави.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе