Два американски воени брода повторно го предизвикаа Пекинг во Јужното Кинеско Море

Два американски воени брода денес пловеа близу спорните острови во Јужното Кинеско Море, потег што сигурно ќе предизвика гнев во Пекинг.

Разорувачите УСС Спруанц и УСС Прибл пловеле на 12 наутички милји од островите Спретли, како дел од она што американската морнарица го нарече „слобода на навигациските операции“.

Операцијата е спроведена „за да им ги оспори прекумерните поморски права“ присвоени од Кина „и да го зачува пристапот до водните патишта, како што е регулирано со меѓународното право“, рече командантот Клеј Дос, портпарол на седмата флота од американската морнарица за Си-ен-ен.

„Сите операции се планирани во согласност со меѓународното право и поврдуваат дека САД ќе летаат, пловат и ќе делуваат секаде каде што дозволува меѓународниот закон“, рече Дос, додавајќи дека „тоа е вистина за Јужното Кинеско Море, како и за другите места низ целиот свет“.

Операцијата во понеделникот е втора таква операција оваа година во Јужното Кинеско Море, објавена од страна на американската морнарица. Во јануари, разорувачот УСС Мекамбл отпловил на 12 наутички милји од Парацелските Острови.

Кратко по таа операција, Кина ги обвини САД за прекршување на нејзините територијални води - и рече дека распоредила проектили „способни да нишанат средни и големи бродови“.

„Американската акција ги наруши кинеските закони и меѓународните закони, го наруши суверенитетот на Кина, ги наруши регионалниот мир, безбедноста и редот“, рече тогаш портпаролот на Министерството за надворешни работи Лу Канг. „Кина ќе ги преземе неопходните мерки за да го заштити државниот суверенитет“.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе