Во Сирија

Американски воен конвој нападнат со огнено оружје, руски трупи морале да интервенираат (ФОТО+ВИДЕО)

Објавени се снимки од напад на локалното население врз припаднции на американската војска на северот на Сирија, во кој наводно загинало едно лице.

Руски војници брзо им притрчале на помош на Американците за да ја смират ситуацијата.

Американскиот конвој бил сопрен на сириски контролен пункт.

Голем број цивили дошле на местото на инцидентот за да ги сопрат американските војници во понатамошното напредување.

На снимката, која наводно е направена во Кирбет Аму, се гледаат цивили и во воена и во цивилна облека, како пукаат од „калашњикови“ во правец на американските оклопни возила.

Сѐ уште е нејасно кој прв почнал да пука, а двете страни ја обвинуваат другата.

На кратката снимка можат да се видат и возила на руската воена полиција. Припадниците на руската војска дошле на местото на инцидентот за да ги смират Сиријците.

Сириските државни медиуми објавија дека еден цивил бил убиен во престрелката, додека уште еден е ранет.

Според контрадикторните извештаи, убиениот им припаѓал или на сириските владини сили или бил член на провладините милиции.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе