Американски воен конвој нападнат и запален во Ирак (ФОТО+ВИДЕО)

Милитанти со камионети нападнаа логистички конвој за снабдување упатен кон американска воена база во Ирак, принудувајќи го да сопре и извлекувајќи ги луѓето од возилата пред да ги запалат, јавуваат агенциите.

Screenshot

Инцидентот се случил на автопатот Самава-Дивинија, а конвојот, кој го оперирале ирачки граѓани и кој носел набавки од Басра до американски бази во Ирак, бил нападнат од непознати напаѓачи доцна синоќа.

Нема информации за жртви, но најмалку три возила биле целосно уништени во нападот кој траел помалку од 10 минути.

На фотографиите и снимките од нападот, објавени на социјалните медиуми, се гледа како оган ги голта камионите.

Силите на коалицијата предводена од САД во Ирак често зависат од локални соработници за набавките за своите бази. Во нападот, меѓу другото, се уништени и едно воено возило „хамви“ и две празни цистерни за гориво.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе