Американски регулатор ја одобри вакцината против коронавирус на Модерна

Вакцината на Модерна против коронавирус во петокот стана втора по ред што доби одобрение за итна употреба од Американската управа за храна и лекови (ФДА).

Фото: ЕПА

ФДА го објави одобрувањето еден ден откако стручен комитет ја одобри нејзината употреба.

Одлуката на ФДА се заснова на резултатите од студијата во доцна фаза на 30.000 волонтери, со која е утврдено дека вакцината е скоро 95 проценти ефикасна во спречувањето на коронавирусот. Вакцината имала релативно мали несакани ефекти, вклучувајќи болка околу местото на инјектирање и оток.

Таа е втора по ред одобрена вакцина, по вакцината на Фајзер/Бајонтек минатиот петок.

„Со оглед на тоа што сега се достапни две вакцини за превенција на ковид-19, ФДА направи уште еден пресуден чекор во борбата против оваа глобална пандемија која секојдневно предизвикува голем број хоспитализации и смртни случаи во САД“, изјави комесарот на ФДА Стивен М. Хан.

Вакцината на Модерна се очекува да се користи на тешко достапни места, како што се рурални болници. Прво ќе се вакцинираат луѓето кои се најизложени на коронавирусот и корисниците на домовите за стари лица.

Исто како и на Фајзер, вакцината на Модерна ќе се дава двапати со интервал од 28 дена. Една од главните разлики меѓу нив е дека вакцината на Модерна може да се чува на -20 степени, додека Фајзеровата вакцина треба да се складира и да се чува на -75 степени Целзиусови, што го прави нејзиниот транспорт многу комплициран.

Модерна има договори со американската влада според кои оваа година треба да обезбеди 20 милиони дози и вкупно 200 милиони дози до крајот на јуни 2021 година. Биотехнолошката компанија се договори со американската влада да се подготви за дистрибуција на 5,9 милиони вакцини уште овој викенд.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер го поздрави одобрението на вакцината.

„Честитки, вакцината на Модерна сега е достапна“, напиша тој.

„Пред нас се посветли денови“, рече новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, кој планира да се вакцинира во понеделник.

Повеќе од 307.000 луѓе починаа од ковид-19 во САД, според податоците на универзитетот Џон Хопкинс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе