НА БРИФИНГ ЗА НОВИНАРИТЕ

Американски разузнавачи: Русија нема никаква врска со соборувањето, авионот го собориле сепаратистите по грешка

Високи американски разузнавачки претставници рекле за Асошиетед прес дека нивните разузнавачки информации сугерираат дека малезискиот авион бил соборен од страна на сепаратистите и дека не е најдена никаква врска со Русија.

Американските разузнавачи рекле дека иако Русите ги вооружуваат сепаратистите во источна Украина, САД немаат конкретен доказ дека проектилот со кој бил соборен авионот дошол од Русија.

Разузнавачите ова го изјавиле вчера на брифинг за новинарите под строги услови на анонимност.

Тие веруваат дека патничкиот авион бил пресретнат со проектил земја-воздух СА-11, кој го испукале проруските сепаратисти. Еден од американските претставници изјавил дека најверојатното објаснување е дека бунтовниците по грешка го собориле авионот. Тие претходно соборија 12 украински воени авиони, рекол тој.

Иако САД остануваат на ставот дека Русија „ги создала условите“ што довеле до инцидентот, рекле американските разузнавачи, тие не нашле докази дека за време на лансирањето на ракетата имало присуство на Руси, а не можат ни да потврдат дека оние што ја испукале биле обучувани во Русија.

Кога биле прашани кој точно го испукал проектилот, одговорот бил „не го знаеме името, не го знаеме чинот, а дури не сме стопроцентно сигурни ни за неговата националност“.

Американските разузнавачки офицери рекле дека нивната истрага се потпира делумно на постови на социјалните мрежи и на видеа што во изминатите денови ги објавила украинската влада, иако сè уште не успеале да ја проверат нивната автентичност. Тие конкретно навеле видео со фрлач на ракети што преминал на руска територија, а на кој му недостигал еден проектил, но признале дека сè уште ги немаат утврдено потеклото и содржината на видеото.

Овие нови информации се сосема спротивни на говорот на американскиот претседател Барак Обама ден претходно, кој рече дека авионот на Малезија ерлајнс бил „соборен над територијата контролирана од руските сепаратисти, кои се вооружени со противавионски системи и се обучени од страна на Русија“.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе