Американски разурнувач „упаднал“ на вежба на Русија и Кина

Руските власти соопштија дека еден нивен брод спречил влегување на американски разурнувач во руските територијални води за време на поморски вежби на Русија и Кина. Американските власти не дадоа коментар по тој повод.

EPA-EFE

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека екипажот на рускиот брод „Адмирал Трибуц“ го предупредил екипажот на американскиот разурнувач „Чафи“ дека се наоѓа во „област во која е забрането да се плови поради вежби со артилериски оган“, пренесува Ројтерс.

Американскиот брод не успеал да го смени курсот и наместо тоа сигнализирал дека е во тек подготовка за полетување на хеликоптер од палубата, поради што не е можна промена на курсот и брзината, наведе руското министерство за одбрана.

„Дејствувајќи во рамки на меѓународните правила за навигација, „Адмирал Трибуц“ го нагоди својот курс за да го избрка бродот од руските територијални води“, се наведува во соопштението.

Американскиот разурнувач го сменил курсот дури кога двата брода се нашле на далечина помала од 60 метри.

Се додава дека инцидентот траел 50 минути, а се случил во Заливот на Петар Велики, јужно од Владивосток, во западниот дел на Јапонското Море.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе