Американски разурнувач пристигна до спорните острови во Пацификот, Кина гневна

Воен брод на американската морнарица доплови во средата во областа од 22 километри околу двата острови за кои Кина се спори со своите соседи. Инцидентот се случил во рамки на американската операција „Слобода на пловењето“.

„Разурнувачот УСС Вејн Е. Мејер доплови на 22 километри од островите Огнен крст и Палав гребен со цел да ѝ се спротивстави на Кина и нејзините територијални претензии и да го зачува пристапот до поморските патишта почитувајќи ги меѓународните закони“, изјави командирката Риен Момсен, пренесува Си-ен-ен.

„САД ќе летаат, пловат и дејствуваат секаде каде што меѓународните закони тоа им го дозволуваат. Нашите поморски операции не се со политичка природа“, додаде таа.

Америка веќе подолго време ја обвинува Кина за изградба на воени објекти на спомнатите два острови.

Американски воен функционер изјави дека американскиот воен брод допловил до својата дестинација во придружба на кинески и дека нивната интеракција била безбедна и професионална.

Американските поморски операции во Јужното Кинеско Море се одвиваат редовно, при што во јули годинава два американски воени брода изведоа операција во близина на островите под контрола на Кина.

Кина редовно реагира на таквото однесување со изјави на владата во кои бара од Вашингтон „веднаш да престане да провоцира со потези кои ја загрозуваат безбедноста и суверенитетот на Кина“.

Портпаролот на кинеската војска Ли Хуамин ја нарече најновата американска провокација „насилнички потег кој ги нарушува мирот и стабилноста во Јужното Кинеско Море“.

Кинескиот весник Глобал тајмс напиша дека „САД со своето постојано испраќање бродови во Јужното Кинеско Море стана главниот негативец во овој дел од светот“ и дека „Кина треба да го интензивира својот систем за одбрана на островите и гребените во регионот“.

Острите зборови од кинеска страна следат по изјавите на Вашингтон дека е „загрижен од континуираните кршења на правилата на меѓународниот поредок кои кина ги спроведува во Индо-пацифичкиот регион, а сѐ за да влијае врз Виетнам и неговите операции поврзани со наоѓалиштата на нафта и гас во Јужното Кинеско Море“.

„Со своите насилнички тактики Кина нема да ги придобие симпатиите на своите соседи, како ни на меѓународната заедница“, се вели во соопштенијата на Пентагон.

Тензиите околу поморските операции се само дел од големиот спор меѓу САД и Кина, вклучувајќи ја и трговската војна која има битен ефект врз целосната светска економија.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе