Американски полицаец уби невооружено 12-годишно момче, му пукал во грб

Поранешен американски полицаец од Филаделфија е обвинет за убиство затоа што во почетокот на март за време на потера му пукал во грб на 12-годишно момче.

Фото: скриншот

Полицаецот Едсаул Мендоза (26) го бркал момчето Томас Џеј Сидерио и го застрелал иако знаел дека е невооружено, соопштија властите. Полицијата ја почнала потерата бидејќи верувала дека 17-годишниот пријател на момчето бил вклучен во криминални активности, пишува Би-би-си.

Окружниот обвинител во Филаделфија рече дека Мендоза бил дел од група од четворица полицајци во цивилна облека што на 1 март се сретнале со Томас и неговиот пријател, за кого верувале дека е поврзан со истрагата за украденото оружје.

Кога полицајците се обиделе да ги запрат момчињата, се слушнал истрел од пиштол, кој го уништил задното стакло на автомобилот во кој се наоѓале, се вели во документот на обвинителството. Момчињата се обиделе да побегнат, а потоа Мендоза трипати пукал во 12-годишното момче. Тој пукал по трет пат иако знаел дека Томас го фрлил оружјето.

„Кога Мендоза го испукал третиот и смртоносен истрел, знаел дека 12-годишниот Томас Сидерио повеќе нема пиштол со себе и не може да го повреди. Но тој сепак пукал во момчето, го погодил во грб и го убил“, рече Лари Краснер, окружниот обвинител во Филаделфија.

Полицијата веднаш по инцидентот го отпуштила полицаецот. Обвинителот вели дека повеќето докази против поранешниот полицаец доаѓаат од видеоснимката од пукањето, која нема да биде објавено без одобрение на судијата. Видеото обвинителот го опиша како многу вознемирувачко за гледање и рече дека момчето најверојатно се предало. Во моментот на пукањето момчето лежело на земја со лицето на тротоарот.

Подготвителното рочиште за овој случај е закажано за 16 мај. Прабабата на Томас, Мери Сидерио, изјави за Си-би-ес дека е задоволна од обвиненијата против поранешниот полицаец.

„Срцето ми е скршено, не можам да спијам. Никој од нас не може да спие, чувството е ужасно“, коментирала прабабата на момчето.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе