Поддршката на Путин за инвазијата на Украина ја нарече лицемерна

Американски новинар во Русија: „Зборувавте да гледаме како Американците водат војни, сега го правите тоа што го осудувавте“ (ВИДЕО)

Мајкл Бом, новинар роден во Соединетите Американски Држави, а живее во Русија, за време на гостувањето во една од емисиите на руската НТВ ја нарече лицемерие поддршката која за инвазијата на Украина ја добива претседателот на државата Владимир Путин.

Скриншот Твитер

Како што пренесува Њузвик, Бом ја спореди руската војна во Украина со бомбардирањето на НАТО на Косово, Србија или поранешна Југославија во 1999 година.

„Колку пати слушавме од вас и другите дека воената кампања на НАТО на Косово и во Србија е апсолутно нелегитимна во својата срж, бидејќи немаше мандат од Обединетите нации. Тоа беше опишано како американско беззаконие, очигледно непочитување на меѓународното право“, кажа Бом.

Потоа го праша водителот Роман Бабјан дали Русија има мандат од ОН за своите воени акции во Украина.

Бабјан одговори „не“.

„Но тоа е поинаку, нели?“, праша тогаш иронично Бом.

Тој го праша водителот дали двете војни се различни, на што домаќинот одговори: „Ние водиме специјална воена операција, а НАТО спроведуваше своја специјална воена операција до опсегот што го спомнавте“.

Бом тврди дека спомнатите ситуации не може да се споредуваат во смисла на „големината на разурнувањето“, бидејќи бомбардирањето на НАТО траеше од 24 март до 10 јуни, додека војната во Украина стигна до деветтиот месец.

„Колку пати имам слушнато „Американците се злосторници, погледнете како водат војни“, но се покажа дека и вие го правите истото. Збунет сум поради вашата осуда“, кажа Бом и истакна дека двете воени акции се подеднакво лоши.

Додаде дека исто така е лошо кога сето тоа прво ќе се осуди, а потоа се прави истото нешто.

Легенда под Главна слика

Скриншот Твитер

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе