Американски научник: Постојат големи шанси коронавирусот да стане сезонска болест

Постојат големи шанси новиот коронавирус да стане сезонска болест, кажа водечки американски научник истакнувајќи дека е потребно итно да се најде вакцина и ефикасно лекување.

Антони Фаучи, кој ги води истражувањата за инфективни болести на американскиот Национален институт за здравје, кажа на брифинг за новинарите дека вирусот веќе почнува да се вкоренува во јужната хемисфера, каде што доаѓа зимата.

„Сега гледаме дека во јужна Африка и земјите од јужната хемисфера случаи кои се појавуваат како што тие влегуваат во зимата. Ако кај нив се случи голема епидемија, тогаш е неизбежно и ние мораме да бидеме спремни дека кај нас повторно ќе се појави“, кажа Фаучи.

Истакна дека треба да се работи на развој на вакцина, нејзино брзо тестирање и подготовка за таа да биде достапна за следната сезона.

Во моментов постојат две вакцини кои влегоа во клинички истражувања врз луѓе, една во САД и една во Кина, и тие би можеле да бидат достапни на пазарот за година до година и пол.

Се истражуваат и други начини на лекување, нови лекови и лекови наменети за други болести, вклучувајќи ги антималариските лекови хлорохин и хидроксихлорохин.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна на Твитер објави дека комбинацијата од хидроксихлорохин и азитромицин, односно антибиотикот сумамед, би можела да биде ефикасна во лекувањето на ковид-19.

Медицинската заедница ја отфрли тезата на Трамп.

Фаучи предупреди дека станува збор за коктел од лекови чие позитивно дејствување засега е потврдено само неофицијално низ поединечни искуства, а не во опсежни истражувања.

„Ако навистина сакате дефинитивно да знаете дали нешто делува, мора да го извршите оној вид истражувања кои даваат квалитетни информации“, кажа Фаучи. „Претседателот зборува за надеж на луѓето, а не за наука“.

„Знаеме дека тоа (ковид-19) успешно ќе го сузбиеме, но навистина мораме да бидеме спремни за втор циклус“, заклучи Фаучи.

Неговата изјава сугерира дека на вирусот повеќе му одговара студеното време отколку топлите и влажни услови, што се покажа во некои прелиминарни истражувања. Се смета дека причината за тоа е што при студеното време вирусните капки подолго остануваат во воздухот, а имунитетот е послаб.

Уште една можна причина е побрзото разградување на вирусите на потопли површини, поради тоа што заштитниот слој маст со кој се обвиткани побрзо се суши.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе