Американски милијардер случајно призна убиство, му се заканува доживотен затвор

Американскиот милијардер Роберт Дурст вчера беше прогласен за виновен пред суд во Лос Анџелес за убиство на неговата најдобра пријателка Сузан Берман во 2000 година, поради што му се закнува доживотен затвор, а се поврзува и со две други стари убиства.

Фото: ЕПА

Дурст случајно признал три стари случаи на нерешени убиства за време на снимање на документарец за Ејч-би-о во 2015 година. Додека сè уште носел микрофон по едно интервју, бил снимен како во тоалетот мрмори: „Што направив? Ги убив сите“.

Обвинителите го опишаа Дурст, кому му се заканува доживотен затвор, како богат и „нарцисоиден психопат“, а изрекувањето на казната е закажана за 18 октомври.

Дурст е обвинет дека ја убил Берман со куршум во глава за да го прикрие исчезнувањето на својата сопруга Кетлин Мекормак Дурст, која исчезна во Њујорк во 1982 година.

На 78-годишникот му се судело само за убиството на Берман во нејзиниот дом во Калифорнија, а е осомничен за убиствата на неговата сопруга и поранешниот сосед, што се случија во изминатите 39 години.

Иако со години беше осомничен за исчезнувањето на неговата сопруга, 29-годишна студентка по медицина, никогаш не беше покренато обвинение. Обвинителите рекоа дека тој ја убил и дека 18 години подоцна одлучил да ја убие Берман бидејќи таа им открила на други дека му помагала да го прикрие злосторството.

Набргу по објавувањето на пресудата, семејството Мекормак побара од обвинителите во округот Вестчестер, Њујорк, да покренат кривична постапка против Дурст, а случајот беше повторно отворен во мај.

Обвинителите, исто така, за време на судењето го поврзаа Дурст со убиството на соседот Морис Блек во Галвестон, Тексас во 2001 година. Дурст бил ослободен од обвинението за убиство, иако признал дека го распарчил Блек и ги фрлил неговите посмртни останки откако случајно бил погоден.

Дурст е внук на основачот на една од водечките компании за недвижности во Њујорк и го следеше објавувањето на пресудата од поради изложеност на коронавирус.

Тој бил уапсен додека влегувал во хотел во Њу Орлеанс каде што бил пријавен под лажно име, само неколку часа пред емитувањето на последната епизода од документарниот филм на Ејч-би-о, без која, според обвинителите, немало да има пресуда.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе