Американски ловци пресретнале руски стратегиски бомбардери кај Алјаска (ФОТО)

Американски ловци пресретнале вчера вкупно шест руски авиони во меѓународниот воздушен простор во близина на Алјаска, соопшти НОРАД, американската команда за противвоздушна одбрана.

Во третата ваква акција во последната година американските воени авиони пресретнале два тупољеви Ту-95, а потоа уште два такви авиони придружувани од ловци сухој Су-35.

Акцијата на американските ловци ја следел и шпионски авион Е-3.

Руското министерство за одбрана соопшти дека бомбардерите и ловците се наоѓале на однапред планирани активности над меѓународните води на Охотско и Берингово Море.

„За време на одредени делови на летовите, руските авиони ги следеле американски ловци Ф-22“, се вели во соопштението на руското министерство.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе