Американски конгресмен објави фотографија од своето семејство вооружено околу новогодишна елка (ФОТО)

Американски конгресмен вчера објави фотографија од себе и своето семејство на кое околу новогодишна елка позираат со оружје, само неколку дена по пукањето во средното училиште во Мичиген и убиството на четворица тинејџери, пренесува Ројтерс.

Скриншот

„Среќен Божиќ! П.С. Дедо Мраз, донеси ни муниција“, напиша на Твитер со објавената фотографија републиканскиот конгресмен Томас Мејси од сојузната држава Кентаки.

15-годишниот Итан Крамбли во вторникот со истрели од полуавтоматско оружје уби четворица ученици во средното училиште во Оксфорд, мал град во Мичиген.

Уште шест ученици и наставник се ранети, а настанот повторно поттикна жестоки расправи за безбедноста во училиштата, контролата на оружјето и правото на поседување оружје.

Неговите родители, Џејмс и Џенифер Крамбли, се уапсени откако истражителите во петокот поднесоа тужба против нив за убиство од небрежност. Родителите се уапсени по потера, се изјаснија дека не се виновни по четири точки од обвинението, а обвинителка за секој одреди по 500 илјади долари кауција.

Тие, имено, неодамна му го купиле оружјето на својот син како подарок и ги игнорирале знаците дека би можел да следи масакр. Итан исто така објавил фотографии со оружјето на социјалните мрежи, со коментар „тукушто добив нова убавица“.

Мејси, пак, објави фотографија од себе и шест други лица на која држат огнено оружје митралез М60, полуавтоматска јуришна пушка АР-15 и митралез томсон.

Некои полуавтоматски пушки се направени така да изгледаат речиси идентично како митралези. Според американскиот закон, автоматското оружје е ограничено за војската, полицијата и цивилите со специјални дозволи за оружје произведено пред мај 1986 година.

Легенда под Главна слика

Скриншот

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе