Американски конгресмен: „Америка е во војна? Кога ние гласавме за тоа?“ (ВИДЕО)

Републиканскиот конгресмен од Тексас Чип Рој ги обвини колегите од американското законодавно тело дека ги вмешале САД во Украина за да се чувствуваат добро во својата кожа.

EPA-EFE

Тој обвинувањата им ги упати и на републиканците и на демократите, а особено го критикуваше лидерот на конгресното мнозинство Стени Хојер, кој во петокот изјави дека „Америка е во војна“.

„Кога го слушнав лидерот на мнозинството како вели „време е за војна“, се прашав – кога тоа ние гласавме за да одиме во војна?“, праша Рој.

„Ако водиме посредничка војна и ако ѝ даваме на Украина 40 милијарди долари само затоа што сакаме да изгледаме „фенси“ со сино-жолти знаменца, и за да се чувствуваме добро во сопствената кожа, можеби би требало да имаме некаква дебата тука во оваа сала“, истакна Рој.

Тој е инаку еден од 57 конгресмени републиканци кои гласаа против давањето воена и економска помош на Украина, во вредност од 40 милијарди долари.

Сепак, предлогот помина, односно беше усвоен со 368 гласа „за“ и 57 „против“, сега предлогот е во Сенатот, каде исто така се очекува да добие поддршка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе