Американски командоси скокаат на подморница во движење во драматична операција на заплена на дрога (ВИДЕО)

Возбудлива рација се одиграла во Тихиот Океан, кога американската крајбрежна стража пресретнала подморница на нарко-картел и група командоси скокнале на бродот во движење при што заплениле дрога вредна милиони долари.

Минатиот месец, американската крајбрежна стража забележала полупотопено пловило во источниот дел на Тихиот Океан.

Пред подморницата да успее да потоне под водата, тројца командоси од американската крајбрежна стража Катер Манро (ВМСЛ 755) скокнале на подморницата во движење.

На видеото објавено од страна на властите во четвртокот се гледа како еден од командосите го крши отворот на бродот со тупаница и се обидува да го отвори, пред да се појави шверцерот и да се предаде.

Во операцијата се откриени 7.700 килограми кокаин, со проценета вредност на 232 милиони долари.

Крајбрежна стража се вратила дома во Сан Диего со 17.700 килограми кокаин и 400 килограми марихуана во вредност од околу 569 милиони долари, кои успеале да ги запленат меѓу мај и јули во 14 одделни рации на бреговите на Мексико, Централна и Јужна Америка

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе