Американски Капитол под блокада поради „безбедносна закана“ (ВИДЕО)

Американски Капитол во Вашингтон е под блокада, а неговата полиција издаде предупредување за „надворешна безбедносна закана“ и ги повика луѓето да се засолнат. На видеоснимките се гледа чад, кој се извивал од пожар во една од околните улици.

Фото: ЕПА

Зградата Капитол во градот Вашингтон е блокирана поради безбедносна закана, никој не смее да влезе или да излезе од неа, два дена пред Џо Бајден да биде инаугуриран за претседател на САД.

Новинарите од местото на настанот велат дека се работи за вонредна ситуација и дека пробата за инаугурацијата на Бајден е прекината. Сѐ уште не се знае за каква закана станува збор.

Безбедноста е висока, распоредени се илјадници членови на Националната гарда.

Очевидци пријавија и чад во близина на Капитол, но противпожарната служба од Вашингтон соопшти дека пожар избил во една од околните улици и дека сега е изгаснат.

Вработените во Капитол добиле предупредување дека комплексот е под блокада и дека никој не смее да влегува и да излегува.

Сите 50 американски држави и областа Колумбија се во состојба на готовност за можни насилни протести, пред инаугурацијата на Бајден в среда.

ФБИ предупреди на можни вооружени маршеви од страна на приврзаниците на Трамп низ државните главни градови.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе