Американски хотел нуди бесплатно сместување за оние што одат во други држави за абортус

Последниве неколку месеци државите во дел од САД донесоа нови закони со кои на жените им се отежна постапката на абортус, а некаде и целосно им се оневозможи, вели Си-ен-ен.

Затоа Шели О'Брајан, директорка на хотелот Јејл, кој се наоѓа во малото и истоимено гратче во Мичиген, на сите оние што заради оваа постапка патуваат надвор од државите што воведоа таков закон им нуди да дојдат во Мичиген и бесплатно да престојуваат во нејзиниот хотел.

„Драги сестри од Алабама, Охајо, Џорџија, Арканзас, Мисури или од која било друга држава што ги применува законите со кои се ограничува можноста за абортус, знам дека не можеме да направиме ништо за кон вас да се постапува подобро во вашата држава“, напиша О'Брајан.

„Но ако успеете да стигнете до Мичиген, ние ви нудиме неколку бесплатни ноќевања и превоз до и од амбулантата“, додаде таа.

„Жените треба да имаат автономија над своите тела. Ако го немаме тоа, тогаш не живееме во слободен свет“.

Последниве неколку месеци Алабама речиси целосно го забрани абортусот, додека другите сојузни држави, вклучувајќи ги и Џорџија, Луизијана, Мисисипи и Охајо, донесоа нови закони за забрана на абортусот по откривањето на фетално чукање на срцето, што е, всушност, многу рано во бременоста и многу жени во тоа време сè уште не знаат дека се бремени.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе